Пресврт на „Олд Трафорд“: Санчо по разговорот со Тен Хаг се врати на тренинг

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо се врати на тренинг во Манчестер јунајтед, откако ги надминал недоразбирањата со тренерот Ерик Тен Хаг.

Тен Хаг минатата година го исфрли Санчо од екипата, по што Англичанецот беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд.

Во изминатиот период имаше многу шпекулации за иднината на одличниот фудбалер, а се очекуваше „милионерите“ да го откупат неговиот договор, но такво нешто по сè изгледа дека нема да се случи.

Санчо се смирил со Тен Хаг и ги почнал подготовките за новата сезона, па се очекува да биде големо засилување за клубот од „Олд Трафорд“.