Бремер потпиша нов договор со Јувентус и во него има една важна промена

Бразилецот, Желсон Бремер го продолжи договорот со Јувентус и тој сега ќе има важност до 2029 година.

Во редовите на Јувентус, Бремер пристигна во 2022 година и брзо стана еден од поважните во тимот. Неговиот статус очигледно не се менува ниту со доаѓањето на новиот тренер, Тијаго Мота кој сериозно ќе смета на него.

Бремер во претходниот свој договор со Јувентус имаше откупна клазула 60 милиони евра, а како што пренесуваат италијанските медиуми сега истата е зголемена.

Ова лето Бремер се поврзуваше со неколку клубови, најмногу со Манчестер Јунајтед, меѓутоа сега е јасно дека ќе остане во Торино.