Ждреб за плеј-оф во ЛЕ: Барди и Шишковски ги дознаа можните противници

Oткако прво беа извлечени во плеј-офот за Лигата на шампините се добија и двојките во Лигата на Европа.

Во квалификациите од Лигата на Европа Македонија ги има голманот Дамјан Шишковски и Енис Барди.

За место во плеј-офот од второ по ранг европско натпреварување Шишковси со Борац Бања Лука ќе игра против Класвик од Фарски Острови и ако излезе како победник ќе се соочи со подобриот од двомечот меѓу Митјиланд од Данска и Ференцаварош од Унгарија.

 Барди со Трабзон ќе оди на двомеч со Рапид Виена, додека потенцијални противници во плеј-офот на турскиот тим се Брага и Сервет.

Натпреварите се играат на 22. и 29. август.

ЖДРЕБ ЗА ПЛЕЈ-ОФ ВО ЛЕ