Алексо Лембанов го засили стручниот штаб на Пелистер

Ракометниот шампион на Македонија, Пелистер доведе уште едно засилување, сега во стручниот штаб.

Младиот стратег, Алексо Лембанов во новата сезона ќе биде еден од асистентите на Бранислав Ангеловски.

„Во остварување на нашите цели потребен ни е силен управувачки тим, стручен штаб и врвни ракометари. Затоа секојдневно напорно работиме за да се екипираме, како би ги оствариле зацртаните цели. Во стручниот штаб на Пелистер приклучивме ново име.

26-годишниот Алексо Лембанов е нов асистент тренер на шампионот на Македонија и заедно со главниот тренер Бранислав Ангеловски и тренерот на голмани Ице Соколески го сочинуваат стручниот штаб. Се работи за млад стручњак, кој континуирано работи и се усовршува. Јавноста го запозна со работата во Пролет, а кратко беше во стручниот штаб на Ал-Сафа во Саудиска Арабија

Лембанов ќе се приклучи на подготовките на екипата на  Пелистер на Златибор“, објави битолскиот состав.