Челси купи Португалец од Базел за само 14 милиони евра!

Англискиот гигант Челси потврди уште едно засилување за следната сезона,а  тоа е португалскиот фудбалер Ренато Веига кој доаѓа од Базел за 14 милиони евра.

Веига потпиша договор со „сините“ до јуни 2031 година, а има опција да ја продолжи соработката на уште една година.

„Пресреќен сум што доаѓам во Челси, кој е еден од најголемите англиски клубови. Возбуден сум за новиот предизвик“, кажа Веига.

Голема предност на талентираниот фудбалер е тоа што може да игра на три позиции на теренот, односно како лев бек, централен дефанзивец или играч за врска во средниот ред.