По авантурите во Галатасарај и Астон Вила, Заниоло се врати во Серија А!

Поранешниот фудбалер на Рома, Николо Заниоло во наредната сезона ќе настапува за Аталанта.

Аталанта договори позајмица на Заниоло од Галатасарај со опција за откуп. Фудбалерот во наредните денови ќе ги помине медицинските прегледи и ќе го комплетира трансферот.

Италијанскиот клуб за позајмицата ќе плати 6 милиони евра, а ќе може целосно да го откупи за 14,5 милиони евра.

Опцијата за откуп може да стане и обврска доколку се исполнат некои услови.