Херојот на Португалија во една пенал серија урна два рекорди!

Голманот на Португалија, Диого Кошта со неверојатна партија ја однесе Португалија во четвртфиналето од Европското првенство.

Тој најпрво во 115. минута му одбрани зицер на Шешко, а потоа во пенал серијата ги фати првите три удари од белата точка на Словенците и беше прогласен за играч на мечот.

Кошта собори два рекорди. Тој стана прв голман со одбранети три пенали во пенал серија на Европско првенство и прв голман кој не примил гол во пенал серија на ЕП.