Промоцијата на Килијан Мбапе во Реал Мадрид ќе биде нешто досега невидено (ФОТО)

Само неколку дена по завршувањето на ЕП 2024 во Германија, челниците на Реал Мадрид планираат на „Сантијаго Бернабеу“ и официјално да го промовираат Килијан Мбапе, најголемото засилување летово, кој дојде како слободен фудбалер од ПСЖ.

Презентацијата е закажана за 16. јули со почеток од 19 часот, а со сигурност се очекува да бидат продадени сите 80.000 билети кои ќе бидат пуштени во продажба. Планирано е да се постави патека по која Мбапе од соблекувалната ќе пристигне на бината на која ќе има и огнени ефекти.

Планирани се настапи на бендови, предвидени се огномети, а сето тоа ќе биде овековечено со панорамски камери со 360 степени со цел да се доловат најдобрите кадри. Реал Мадрид сака ова да биде ново ниво на презентација, шоу какво што немало досега за ниту еден фудбалер.