Дебитантка на Вимблдон има повеќе пари од Ѓоковиќ, Федерер и Надал – заедно!

Американката Ема Наваро, која годинава дебитираше на Вимблдон, е доказ дека спортот не е само за сиромашните, со оглед што доаѓа од семејство кое располага со 1,5 милијарди долари со што ја први најбогата меѓу тенисер(к)ите.

Нејзиниот татко, Бен Наваро, е основач на „Шерман фајненшл груп“ во 1998 година, а поседува и голем број хотели. Ема (23), која во моментов е 19. тенисерка во светот, во првите две кола ги совлада Кинеската Ванг и Јапонката Наоми Осака со убедливи резултати.

Од награди досега има заработено 1,1 милиони долари, што е сума доволна за џепарлак во однос на тоа колку пари има на располагање.