Белингем со магични ножички ги спаси Англичаните против Словачка (ВИДЕО)

Кога се чинеше дека Словачка ќе ја направи најголемата сензација досега на ЕП 2024, со оглед на водството против Англија се до судиското продолжение на крајот од средбата, одеднаш се појави Џуд Белингем, кој дотогаш никаде го немаше.

Фудбалерот на Реал Мадрид искористи одлично изведен аут на Кајл Вокер и со ножички ја смести топката во противничкиот гол. Тоа беше во петтата минута од надополнувањето, по што средбата мораше да продолжи со екстра 30 минути. Голот на Белингем може да го видите ТУКА.

Англичаните покажаа сила и на стартот од првото продолжение и тоа со голот на Хари Кејн, со кој поведоа со 2-1 и дојдоа на чекор до четврт-финалето.