„Скандал“ во Лејкерс - Леброн Џејмс имал секс со мајката на соиграч!

Леброн и Брони Џејмс влегуваат во историјата на НБА како прв татко и син кои заиграле заедно во најсилната кошаркарска лига во светот, нешто што со месеци беше јасно дека ќе се случи, а се потврди со синоќешниот избор на ЛА Лејкерси во втората рунда на драфтот.

„Езерџиите“ го избраа Џејмс јуниор како 55. пик, откако неговиот менаџер им се заканувал на сите клубови кои бираа претходно воопшто да не помислат да го драфтуваат бидејќи во тој случај тој би играл во Австралија. Ова веднаш предизвика разни коментари, приказни за непотизам, како се прави се за Леброн и слично. Меѓу сите тие објави имаше и една хумористична, која стана вирална.

„Откриено е дека Леброн имал секс со мајката на својот нов соиграч“, напиша извесен Стивен Чеа на својот Твитер профил.

Неговата порака стана хит, почна да се шири, па така стигна и до Савана Џејмс, сопругата на Кралот Џејмс, која ја сподели објавата на која тави емотикон со смешковци, покажувајќи дека има смисла за хумор. Савана и Леброн се запознале во средно училиште во Акрон (Охајо) и оттогаш се заедно. Првото дете го добија во 2004 година кога се роди Брони, потоа се роди Брајс во 2007 година, а во 2014 година се роди девојчето Зури. Двајцата се венчаа во 2013 година во Сан Диего.