Вучиќ ја менува лентата: Ќе се спаси ли Пикси од отказ?

Најголемиот поддржувач на Драган Стојковиќ, српскиот престедател Александар Вучиќ можеби ќе го спаси селекторот од отказ по фијаското на Европското првенство во Германија.

Дента по елиминацијата, Вучиќ остро го нападна Пикси и истакна дека е разочарување тоа што репрезентацијата испадна во групната фаза бидејќи, како што рече, многу пари се вложени во српскиот фудбал поради што сите очекуваа селекторот да добие отказ. Сега, приказната на претседателот е сосема поинаква.

„Нема да влезам во клубот на оние кои плукаат по Џајиќ и Стојковиќ бидејќи тие двајца се легенди. За 7-10 дена, кога се ќе помине, ќе седнемете да зборуваме како во фудбалот (и ракометот) да имаме подобри резултатот, да го надминеме тој губитнички пристап дека е добро ако не примиме пет гола.

Очекувам добар разговор бидејќи никој во Србија не се задоволува со 17. или 21. место во Европа. Србите сакаат да бидат при врвот, кога можат Хрватите, а еве видовме и Грузијците. можеме и ние. Какви и да донесеме одлуки, одиме во следните квалификации, па на следното првенство да се обидеме да направиме добар резултат“, изјави Вучиќ.

Во ова многумина гледаат симнување на притисокот од Стојковиќ кого многумина веќе го видоа како „поранешен“ селектор на Србија. Дури и ако добие отказ, тоа нема да биде веднаш, како што се шпекулираше, туку откако ќе се направат потребните анализи.