Челси купи Англичанец од Лестер за 30 милиони евра! (ФОТО)

Англискиот гигант Челси договори ново засилување од Лестер сити за 30 милиони евра, а станува збор Кирнан Дјусбери-Хол кој се сели во Лондон кај поранешниот тренер Енцо Мареска.

Мареска покажа голема желба да го добие Дјусбери-Хол од Лестер откако играчот минатата сезона беше вклучен во вкупно 27 погодоци на „лисиците“.

Дјусбери-Хол беше голема желба на Брајтон, меѓутоа „сините“ се вклучија во трката во последен момент и го договорија талентираниот англиски фудбалери.

Челси, освен 30 милиони евра, ќе го исплати и големиот талент Мајкл Голдинг во Лестер.