Норис: Ќе загубам почит за Ферстапен ако не признае дека направи глупост!

Најголем губитник по трката за Големата награда на Австрија е Ландо Норис од Мекларен кој испадна од трката поради судирот со неговиот ривал Макс Ферстапен од Ред Бул.

Норис се обиде да го премине во 64. круг кога Ферстапен се судри со него и го „елиминира“ од трката, а неговиот потег го коментираше и возачот на Мекларен.

„Разочаран сум, барав фер битка, а го добив ова. Макс ја уништи мојата трка, но и својата. Доколку не признае дека згреши и не ми се извини, ќе загубам почит за Ферстапен“, кажа Норис.