Трагедија во Хрватска: Натпреварувач почина среде трка на „Ајронмен“ во Пореч!
И покрај итната и брза реакција на лекарските екипи, за несреќниот човек немаше спас. Тажната вест за смртниот исход официјално ја потврдија организаторите на трката преку нивната страница на социјалната мрежа Фејсбук.
„Длабоко сме потресени што мораме да потврдиме дека почина натпреварувач за време на денешната трка Ајронмен во Пореч. Длабоко сочувство до неговото семејство и пријателите“, напишаа организаторите во своето соопштение.
На овогодинешното издание на една од најмасовните и најпрестижните трки во Хрватска настапија дури 2.200 натпреварувачи. Во спортскиот дел од настанот, победници на трката беа претставниците од Франција, Артур Солер и Лила Барди. Ознаката 70.3 на овој натпревар ја означува вкупната оддалеченост во милји, односно 113 километри кои натпреварувачите мораат да ги поминат за да стигнат до целта, што спаѓа во категоријата „полудистанца“ во однос на класичниот Ајронмен.