Капело „распали“ по Италија: Дали овие фудбалери воопшто имаат квалитет?

Италија разочара во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) и загуби со 0-2 од Швајцарија, а по дуелот „распали“ поранешниот италијански фудбалер и тренер Фабио Капело.

Капело беше непријатно изненаден од неговите сонародници, па праша дали воопшто некој од репрезентативците има квалитет да го носи националниот дрес.

„Дали сте сигурни дека оваа репрезентација воопшто има квалитет? Овие фудбалери кога ќе се соочат со некој кој игра со нормално темпо, веднаш имаат проблеми. Спалети ја менуваше играта илјада пати, но ништо не функционираше“, кажа Капело.