Модриќ во солзи: Фудбалот понекогаш е суров, а така беше и вечерва!

Фудбалската репрезентација на Хрватска одигра нерешено против Италија (1-1) во третото коло од групата Б на Европското првенство (ЕП) и заврши на третата позиција, па сè уште има теоретски шанси да се пласира во осминафинале.

Модриќ по драмата со Италија во солзи кажа дека е тажен што не успеале да триумфираат во дербито.

„Фудбалот понекогаш е суров, а така беше и вечерва. Не знам зошто судијата даде осум минути продолжение. Им благодарам на навивачите кои ни даваа поддршка. Теоретски можеме да се пласираме во осминафинале, но никогаш немаме среќа. Минатиот меч примивме гол во 95. минута, сега во 98. минута“, кажа Модриќ.