Хрватска има мали шанси за осминафинале - мора да се исполнат четири услови!

Хрватска вечерва беше шокирана во 98. минута кога Италија постигна гол за израмнување (1-1) во последното коло од групата Б на Европското првенство (ЕП).

Италија и Шпанија од групата Б патуваат во осминафинале, додека Хрватска е трета со два бода и сè уште има минимални шанси за пласман во нокаут-фазата, но мора да се исполнат четири услови.

Во вторник Англија треба да ја победи Словенија со најмалку три гола разлика, а Данска треба да биде подобра од Србија. Потоа, во среда Турција мора да слави против Чешка, а Португалија да ја надигра Грузија.