Најтажната слика вечерва доаѓа од клупата на Хрватска (ФОТО)

Хрватска беше на чекор до осминафинале на Европското првенство (ЕП), меѓутоа прими гол во 98. минута од Италија и сега е во незавидна позиција, односно има минимални шанси за пласман во нокаут-фазата.

Закањи го постигна голот за реми во 98. минута од средбата, а посебно тажна беше сцената од клупата на Хрватска каде што најразочаран беше Лука Модриќ.

Модриќ храбро се бореше за својата селекција и постигна гол за водство во 55. минута, но за жал на Хрватска неговиот погодок не беше доволен за освојување на три бода.

Видеото може да се погледне ТУКА.