Манчестер Сити останува без срцето на тимот - Де Брујне се сели во САД
Така тврдат медиумите во Велика Британија кои посочуваат дека репрезентативецот на Белгија ги договорил сите услови за трансфер во Сан Диего. Тимот од Калифорнија ќе влезе во МЛС во 2025 година, а една од најголемите ѕвезди во составот треба да биде токму Де Брујне кој по девет години ќе го напушти Сити.
За него беа заинтересирани и клубови од Сауидиска Арабија, но очигледно повеќе му се допаѓа животот во Калифорнија.