Лекип го избра идеалниот тим на Лигата на шампионите... без Кристијано Роналдо (ФОТО)

Ренормираниот француски фудбалски магазин Лекип направи свој идеален тим во историјата на Купот на европските шампиони и Лигата на шампионите, натпреварување со историја подолга од седум децении.

Во неговиот избор се најдоа некои од најголемите имиња во историјата на европскиот фудбал, меѓу кои Џорџ Бест, Јохан Кројф и Лионел Меси. Интересно е што во составот нема место за Кристијано Роналдо, иако Португалецот е еден од најуспешните играчи и најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите. Исто така, во тимот нема ниту еден француски фудбалер.

Меѓу избраните се издвојува Џорџ Бест, една од најголемите легенди на Манчестер Јунајтед и европскиот фудбал од 1960-тите и 1970-тите. Во тимот е и Јохан Кројф, симболот на холандскиот фудбал и еден од највлијателните играчи во историјата. Од поновата ера место доби Лионел Меси, кој со Барселона остави длабока трага во Лигата на шампионите.

Отсуството на Кристијано Роналдо, пак, е едно од највпечатливите нешта во изборот. Португалецот е повеќекратен освојувач на Лигата на шампионите и најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето, но Лекип сепак решил да им даде предност на други легенди. Изборот предизвика реакции и кај читателите на Лекип. Во коментарите веќе се поставува прашањето како е можно во ваков историски тим да нема место за Мишел Платини или Зинедин Зидан, што покажува колку е тешко да се состави единствена идеална единаесетка од толку богата историја.