Србите се побунија поради натурализираните Турчинки, брзо стигна одговор: Бошковиќ од каде е?

Изјавата на селекторот на српската женска одбојкарска репрезентација, Зоран Терзиќ предизвика реакции во Турција по завршувањето на Европското првенство.

Терзиќ го коментираше бројот на натурализирани одбојкарки во турската репрезентација, по што од турската јавност следуваше остар одговор.

„Да играше Турција само со турски одбојкарки, немаше да има никаков проблем. Но, некои работи се менуваат во одбојката и во светот“, изјави Терзиќ, посочувајќи дека порано било незамисливо репрезентација да има повеќе од една натурализирана одбојкарка. а сега во турската селекција главни се Мелиса Варгас од Куба и Шинед Џек од Тринидад и Тобаго.

Неговите зборови предизвикаа големо внимание во Турција, каде што дел од јавноста го критикуваше српскиот селектор. Во полемиката се вклучија и италијански коментатори, кои поставија прашања за потеклото на некои од најпознатите одбојкарки што настапуваат за Србија. Во центарот на вниманието беше Тијана Бошковиќ, една од најдобрите одбојкарки во светот. Бошковиќ е родена во Требиње, Босна и Херцеговина, а настапува за репрезентацијата на Србија. Нејзината сестра Дина Бошковиќ е репрезентативка и капитен на селекцијата на Босна и Херцеговина. Во коментарите беше спомената и Хена Куртагиќ, како и Варгас, околу која во минатото имаше интерес и од српската репрезентација.

Полемиката повторно го отвори прашањето за натурализацијата во репрезентативниот спорт. Во последните години сè поголем број национални селекции се потпираат на играчи кои стекнале државјанство на земјата за која настапуваат, што често предизвикува дебати околу спортскиот идентитет и правилата во репрезентативниот спорт. Иако изјавата на Терзиќ беше насочена кон практиката на ангажирање натурализирани одбојкарки, реакциите ја проширија дискусијата и кон Србија и играчите со потекло од други земји. Случајот покажува дека прашањето за натурализираните спортисти останува чувствителна тема во европската одбојка, особено кога се отвора во период на големи репрезентативни натпреварувања.