Канатларовски го објави списокот за мечевите со Полска и БиХ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски, го објави списокот за двата пријателски натпревари кои надежите ќе ги одиграат на почетокот на јуни против селекциите на Полска и Босна и Херцеговина.

Македонија У21 првиот контролен меч ќе го игра против Полска на 1. јуни во Радом, а четири дена подоцна се среќаваме со селекцијата на Босна и Херцеговина во Кониќ.

За овие два меча Канатларовски ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Марко Алчевски  - А.П. Брера

Стефан Тасев  - Вардар Неготино

Љупче Џеков -  Силекс

ОДБРАНА:

Методи Максимов -  Алесунд

Стефан Деспотовски  - Работнички

Решат Рамадани -  Шкендија

Имран Фетаи - Тиквеш

Андреј Стојчевски  - Жилина

Давор Серафимов -  Шкупи

Ѓорѓе Џеков -  Силекс

СРЕДЕН РЕД:

Иван Николов  - Сондеријске

Ардијан Цилафи  - Сампдорија

Хамза Рамани  - Шкупи

Лука Станковски   Тузласпор

Алекс Златков   Македонија Ѓ.П.

Димитар Тодоровски   Работнички

Адријан Зенделовски   Сковде

Леонид Игњатов   Силекс

Ване Крстевски   Шкендија

Мартин Ѓеоргиевски   А.П. Брера

Бехар Фета   Марибор

НАПАД:

Марио Илиевски   Кишварада

Фитон Адеми   Шкендија

Филип Трпчевски   Устикен