Јамал за „Златната топка“: Нема никого да молам да гласа за мене

Пред натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Барселона и Феенорд, Ламин Јамал зборуваше за можноста да ја освои „Златната топка“.

Еден од најголемите фаворити за престижното признание е свесен дека конечната одлука е во рацете на новинарите.

„Пред сè, не одлучувам јас за тоа, туку вие. Она што го направивме како клуб и репрезентација е неверојатно“, изјави крилниот напаѓач на каталонскиот тим.

Во своето обраќање, Јамал јасно посочи кому би му ги припишал најголемите заслуги доколку ја освои наградата.

„Ако тоа се случи, првото нешто што ќе го направам ќе биде да им се заблагодарам на соиграчите во Барселона и во репрезентацијата на Шпанија. Мислам дека имам шанси, ќе видиме“, порача Јамал.

Јамал истакна дека не планира да води никаква јавна кампања со која би се обидел да ја убеди јавноста дека заслужува да триумфира.

„Не мислам дека треба да го правам тоа, ниту пак размислувам за тоа. Горд сум на мојот клуб и на репрезентацијата. Ние сме светски шампиони, не можам да барам повеќе од тоа. Тоа е ваша работа. Во секој случај, нема никого да молам“, нагласи младиот фудбалер.