Мбапе го „отвори“ Интер и влезе во топ-5 стрелци во историјата на ЛШ (ВИДЕО)
На првиот гол се чекаше 14. минути, а резултатот го отвори најдобриот стрелец на домашниот тим Килијан Мбапе. По одличната акција, Брахим Дијаз го проигра Французинот, а овој рутинирано ја затресе мрежата на Интер.
За Мбапе тоа е 71. гол во Лигата на шампионите и со него се израмни со Раул на петтата позиција на вечната листа на стрелците во елитното натпреварување. Разиката е во тоа што на францускиот за оваа бројка му беа потребни само 98 настапи, а на Раул дури 142.