Почна ЛШ: Астон вила победи во Белгија, Марин со мајсторија го реши ЛАСК! (ВИДЕО)

Екипите на Астон вила и АЕК славеа победи во првите натпревари од новата сезона во Лигата на шампионите.

Астон вила во ефикасен дуел во Белгија го совлада Клуб Бриж со 3-2. Резултатот беше отворен по само 11 минути игра кога Џон Мекгин го постигна првиот гол во најелитното клупск оевропско натпреварување. Но, Бриж иако до тој момент ретко ја поминуваше половина теренот преку Ветлсен осум минути подоцна дојде до израмнување.

Премиерлигашот сепак, продолжи да биде подобар противник и до крајот на првиот дел постигна два гола. Прво Буендија стрелаше во 22-тата минута, а потоа по едно истрчување на Јан Зомер, Николас Џексон го постигна првиот гол за клубот од Бирмингем по трансферот ова лето.

Второто полувреме донесе многу помалку возвудувања и во него беше постигнат само еден гол и тоа од пенал кој го реализираше Тресолди на истекот на еден час игра.

Во вториот натпревар АЕК со 1-0 беше подобар од ЛАСК, а голот кој го постигна Разван Марин во првото полувреме беше вистинска мајсторија од слободен удар.