Сабаленка преку драма против шампионката од Вимблдон до полуфинале во Њујорк!
Белорусинката славеше со 2-1 во сетови, по два часа и 22 минути игра, со резултат 7-6, 3-6, 7-6. Со тоа Сабаленка ја запиша 18. победа во низа во Њујорк и дојде на уште два чекора од одбраната на титулата, односно од освојување на трет трофеј на Ју-Ес Опен по ред.
Натпреварот започна одлично за Сабаленка, која рано направи брејк за 3-0, а при 4-1 имаше и две брејк-топки. Сепак, ситуацијата експресно се промени и Носкова го врати брејкот токму кога Белорусинката сервираше за освојување на првиот сет. Се дојде до тај-брејк во кој Сабаленка доминираше и загуби само еден поен.
Сабаленка во вториот сет повторно плати цена за неискористените шанси. Откако не реализираше три брејк-топки, противничката ја искористи својата втора шанса и направи брејк, кој на крајот се покажа како клучен за освојување на сетот.
Во решавачкиот сет ситуацијата беше спротивна. Чехинката направи брејк и поведе со 4-2, но Сабаленка успеа да се врати и повторно да го однесе сетот во тај-брејк, овојпат до десет освоени поени.
И во тај-брејкот имаше голема борба и пресврти, но Сабаленка покажа зошто е голема шампионка и прва тенисерка на светот. Во самиот финиш успеа да ја скрши противничката и да стигне до голема победа.
Во полуфиналето Сабаленка ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Џесика Пегула и Ема Наваро.
Фото: US Open Tennis Championships