
Рафиња игра сезона за паметење, изедначи и рекорд на Меси
Каталонскиот гигант славеше победа со 4-0, а Рафиња во триумфот учествуваше со еден гол и две асистенции за Левандовски и Јамал. Со ваквиот настап тој го изедначи клупскиот рекорд на Лионел Меси по бројот на голови и асистенции во една сезона во Лигата на шампионите.
Аргентинецот во сезоната 2011/2012 за Барселона учествуваше во 19 голови, 14 постигна и за пет асистираше. Рафиња во овој момент е на 12 постигнати голови и седум асистенции.
Со оглед на тоа дека Барселона, ако не се случи некакво чудо во реваншот ќе игра полуфинале, Рафиња ќе има најмалку уште три натпревари за да го надмине рекордот на Меси.