Повторно со контроверзи: Реал е првиот патник во Киев! (ВИДЕО)

Феноменалната средба во Мадрид меѓу Реал и Баерн Минхен (2-2) го реши прашањето за првиот патник во финалето на Лигата на шампиони, а тоа е екипата на кралскиот клуб.

Баварците најавија дека мечот ќе биде возбудлив уште во третата минута, кога Џошуа Кимих, кој погоди за водство на Баерн Минхен среде Мадрид. Но, нивната радост не траеше долго, зашто Карим Бензема, по асистенцијата од Марсело, во 11. минута го израмни резултатот на 1-1.

Натпреварот имаше и неколку контроверзни моменти, како тој кога топката очигледно го погоди Марсело во рака, во казнениот простор, но судијата Чакир не досуди пенал за гостите.

На самиот почеток на вторите 45 минути, голманот на Баерн, Улрих направи голема грешка и практично му ја остави топката на Бензема, кој ја смести во мрежата за 2-1.

Само неколку минути подоцна, „кралевите“ преку Кристијано Роналдо имаа шанса да го решат прашањето за победникот, но Португалецот имаше неверојатно промашување од само пет метри.

За да биде драмата уште поголема во финишот, Хамес Родригез постигна гол против Реал и го израмни резултатот на 2-2. Екипата од Минхен имаше неколку шанси во продолжението, но „кралевите“ благодарение на Кејлор Навас ја зачуваа мрежата до последниот судиски свиреж.

Вториот патник во финалето на Лигата на шампиони ќе биде познат утре, по одигрувањето на средбата меѓу Рома и Ливерпул (2-5).