
Политика пред спорт: Украински фудбалери одбија да се поздрават со колегите од Партизан!
Натпреварот се игра во Катовице, Полска, а украинските фудбалери беа завиткани во националните знамиња додека нивните српски ривали поминуваа покрај нив. Овој потег уследи откако тренерот на Олександрија, Кирил Нестеренко, на официјална прес-конференција упати критики кон белградскиот клуб поради неговото учество на турнир во Русија.
„Сакаме да ја објасниме ситуацијата во нашата земја и да им се заблагодариме на војниците што ни овозможија да бидеме тука и да ја претставуваме Украина. Секој ден луѓе гинат, а Русија е агресор. Не го сакаме Партизан, бидејќи тие учествуваа на турнир во Русија, што нашиот клуб го смета за непријателски чин“, изјави Нестеренко.
Партизан неодамна беше дел од т.н. „Братски куп“ во Русија, каде одигра натпревари против московските клубови Родина, ЦСКА и Динамо. Сличен инцидент се случи и минатата сезона, кога фудбалерите на Динамо Киев исто така одбија ракување со играчите на Партизан.