
Почина и трет член на славната „чилеанска“ генерација на Југославија
Повозрасните љубители на фудбалот го памтат како еден од најталентираните дефанзивци во својата генерација и член на југословенската У20 репрезентација која стана светски шампион на Мундијалот во Чиле во 1987 година. На тоа првенство, Ѓурковиќ настапи на дуелот против Австралија и влезе од клупа во полуфиналето против Источна Германија.
Сепак, Ѓурковиќ не го искористи својот потенцијал и за разлика од Просинечки, Бобан, Мијатовиќ, Јарни, Борновиќ, Шукер... не успеа да направи блескава кариера. Во периодот на Светското првенство во Чиле, тој беше член на Сутјеска од Никшиќ, а подоцна во кариерата играше за малку познатите Леотар, Јединство Приштина, Будуќност Ваљево итн.
Ѓурковиќ е трет фудбалер од таа славна „чилеанска“ генерација кој прерано почина. Пред него, овој свет го напуштија Зоран Мијучиќ на 41-годишна и Дубравко Павличиќ на 44-годишна возраст.