Арсенал го користи хаосот во Спортинг - испрати понуда за Ѓокереш!

Англискиот вицешампион Арсенал го направи првиот конкретен потег за потписот на Виктор Ѓокереш од Спортинг Лисабон.

Новинарите на португалски „Рекорд“ објави дека Арсенал испратил понуда од 65 милиони евра и сака да ја искористи ситуацијата во Спортинг, каде што владее хаос откако се скара напаѓачот со управата на клубот од Лисабон.

Ѓокереш наводно претходно имал вербален договор дека може да замине за 65 милиони евра, но првиот човек на Спортинг вчера кажа дека таа опција не важи и заинтересираните тимови ќе треба да платат над 100 милиони евра.

Шведскиот напаѓач минатата сезона настапи на 52 меча во сите натпреварувања и постигна 54 голови и 13 асистенции.

Фото: Facebook/Sporting CP