Не е само Модриќ: Милан тргнува и по екс-фудбалерот на Јувентус!

Францускиот фудбалер од средниот ред, Адриен Рабио би можел да се врати во Италија каде што го носеше дресот на Јувентус, но сега како фудбалер на Милан.

Рабио и Алегри соработуваа во Торино, а сега наводно италијанскиот стратег сака да го доведе и во Милано.

Во својот договор со Марсеј, Рабио има откупна клазула од десет милиони евра, тоа не би било проблем за Милан, но не е познато колку Французинот има желба да го напушти францускиот гигант.

Милан во сезоната 2025/2026 драстично ќе г о промени средниот ред, Рејндерс веќе замина во Манчестер сити, но пристигна Модриќ кој со Рабио би можел да формира одличен тандем.

Фото: Juventus FC/X