
Шеј ја предводеше Оклахома до победа во Индијанаполис, вратен е брејкот! (ВИДЕО)
Индијана имаше голем пад во последните 12 минути по што го загуби она што тешко го стекна на гостински терен кај Оклахома.
Натпреварот беше неизвесен, двете екипи се менуваа во водство, но Индијана успеа да се одлепи во третата четвртина стигнувајќи и до двоцифрена предност од десет поени разлика.
Сепак, кога се одлучуваше мечот Оклахома покажа дека е подобар тим, ја доби последната четвртина со 31-17 и го доби мечот со 111-104.
МВПто на сезоната, Шеј Гилџес-Александер повторно беше најдобар на теренот со 35 постигнати поени, имаше поддршка од Вилијамс кој реализираше 27. Најдобар кај Индијана беше Сиакам со 20 поени, Халибартон реализираше 18.
Оклахома е домаќин на следниот меч од финалната серија.
ФOТО: X/OKC THUNDER