Слот има нова желба: Ливерпул ќе плати 88 милиони евра за засилување

Англискиот шампион Ливерпул најави дека ќе троши многу пари ова лето откако постигна договор со Баер Леверкузен за Флоријан Вирц, а веднаш по него на „Енфилд“ би можел да пристигне и Ентони Гордон од Њукасл.

Гордон пристигна во Њукасл во 2023 година, а потоа импресионира со неговите настапи и го привлече вниманието на тренерот на Ливерпул, Арне Слот.

Слот разговарал со управата на „црвените“ и им посочил дека сака во тимот да го има Гордон бидејќи се очекува Луис Дијаз наскоро да го напушти шампионот и да се пресели во Саудиска Арабија.

Трансферот на Гордон би чинел околу 88 милиони евра, но очигледно Ливерпул нема проблеми со финансии.

Фото: Facebook/Liverpool FC