
Напаѓач на Интер остана заглавен во Иран!
Тареми беше во Иран поради настапи за неговата репрезентација, но пред се врати во таборот на нероазурите оваа земја беше нападната од Израел.
Поради ситуацијата аеродромите во Иран во моментов не се во функција, па Тареми не може да им се приклучи на соиграчите од Интер кои веќе се во Лос Анџелес за настапот на Светското клупско првенство.
Интер првиот настап на ова натпреварување го има во среда во 3 часот по полноќ. Неизвесно е дали Тареми дотогаш ќе најде начин да му се приклучи на тимот.
Фото: X/Inter