Нико Вилијамс ќе направи голема жртва само за да потпише со Барселона

Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс имаше состанок со претставници на шампионот Барселона за потенцијален трансфер, а медиумите откриваат дека талентираниот фудбалер е подготвен да направи голема жртва.

Вилијамс наводно се труди со сите сили да потпише за каталонскиот гигант, а откако добил уверување дека ќе биде регистриран без проблеми за следната сезона, шпанскиот репрезентативец решил дури и да ги намали побарувањата за плата.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Вилијамс бил подготвен да прифати плата од 12 милиони евра од Барселона, иако претходно барал многу повеќе.

За услугите на Вилијамс беа заинтересирани Арсенал, Баерн Минхен и Челси, но желбата на Шпанецот е да игра за Барселона.

Фото: Facebook/Athletic Club