
Фернандеш сподели видео со Ристовски: Заслужуваш сè најдобро!
Фернандеш сподели видео на кое Ристовски се збогува со навивачите и останатите членови на Динамо, а притоа напиша и кратка порака.
„Заслужуваш сè најдобро, не само во фудбалот, туку и во животот. Ти си ми брат“, напиша Португалецот.