
Миовски би можел да се врати во Шкотска - има три опции!
Последно е дека Селтик се вклучува во трката за Миовски и планира да одвои шест милиони фунти за ангажман на напаѓачот.
Неодамна Миовски се поврзуваше со Глазгов Ренџерс, а ситуацијата ја следи и неговиот поранешен клуб, Абердин кој сака да го врати доколку им се отвори шанса за тоа.
Миовски во Жирона не одигра многу, даде само четири гола на 25 натпревари. Дел од сезоната беше повреден, а во финишот не добиваше шанса од тренерот.
Екипите од Шкотска добро го познаваат Миовски каде уште се свежи неговите игри за Абердин за кој даде 44 голови на 98 натпревари.
Нејасно е каде Миовски ќе ја продолжи кариерата, но сигурно е дека тоа нема да биде во Жирона.