
Непристоен навивач го налути Роналдо, Португалецот му одржа лекција (ВИДЕО)
Роналдо со Португалија стигна до втората титула во ова натпреварување, а по финалето имаше средба со повеќе фанови
Ѕвездата на Ал Наср делеше автограми и се фотографираше со навивачи кои со нетрпение го исчекуваа, но еден од нив се обиде „преку ред“ да дојде до фотогафија.
Роналдо му одржа лекција на навивачот така што не сакаше да се фотографира и направи чекор назад советувајќи го да направи простор.