Мурињо го засилува Фенербахче со играч од Манчестер Сити!

Фенербахче се обидува да му парира на Галатасарај на трансфер пазарот и да купи некоја ѕвезда ова лето.

Турскиот клуб сериозно преговара со Манчестер Сити за трансфер на Кајл Вокер кој минатата полусезона ја мина во Милан.

Вокер ќе го напушти Сити ова лето, а Фенербахче посакува да го ангажира.

Турскиот клуб веќе е во контакт и со фудбалерот и со Сити.

Жозе Мурињо може да одигра голема улога кога станува збор за убедувањето.