
Ивановски експресно го среди Аветисјан, Македонија ја победи Ерменија!
За разлика од Мицов кој добро се испоти за да дојде до триумфот во првиот меч, Ивановски немаше никаков проблем со Аветисјан.
Македонецот го доби првиот сет со 6-2, а во вториот беше перфектен, не загуби ниту ден гем, беше 6-0.
Со овие две победи, триумфот над Ерменија е обезбеден, мечот во двојки ќе биде само формалност.
Доколку денеска Летонија победи во дуелот со Молдавија, Македонија ќе обезбеди ранг погоре во Дејвис Купот.