Работнички го врати во Македонија поранешниот мега-талент на Шкендија

Дашмир Елези пред четири години силно блесна во македонскиот фудбал во дресот на тетовска Шкендија, а во еден момент светскиот „Гардијан“ го рангираше и помеѓу 60-те најголеми таленти во светот, но во продолжение неговата кариера не се развиваше како што се очекуваше.

По настапите за Шкендија направи трансфер во Хрватска во редовите на Локомотива и во тие моменти вредеше 250.000 евра, но од тој момент неговата кариера тргна во надолна линија.

Во Локомотива не успеа да се наметне, па како слободен фудбалер минтото лето потпиша за Приштина од Косово, а во наредната сезона ќе го носи дресот на Работнички.

Денес вредноста на Елези според „Транфермаркт“ изнесува 50.000 евра.