
Шкендија потврди две заминувања, а се засили со младински репрезентативец на Македонија
Шкендија ја напуштија голманот Ристо Јанков и фудбалерот Зија Мерџани, додека ново име во актуелниот шампион на Македонија е Нуман Ајети.
Ајети кој игра како лев бек во Тетово пристигнува од редовите на Шкупи каде што во изминатата сезона беше стандарден првотимец. Исто така тој е и репрезентативец на Македонија во селекцијата до 21 година.
Кога во прашање се заминувањата, Мерџани заминува по истекот на договорот, а Јанков иако имаше договор замиува поради желба за поголема минутажа.