
Снајдер без „влакна на јазикот“: Холандија е ужасна земја, луѓето се многу љубоморни!
Честo пати додека беше професионален фудбалер се забавувал и до раните утрински часови, а пооцна и самиот призна дека алкохолот влијаел на неговата кариера. Сега зборуваше за ситуацијата во неговата земја и испрати критики за менталитетот на Холанѓаните.
Според зборовите на Снајдер во Холандија луѓето биле прилично љубоморни на вашиот успех.
„Холанѓаните повеќе сакат да те видат несреќен и неуспешен. Кога одам во Милано, добивам посебен пречек за она што сум го постигнал, за жал кај нас не е така. Холандија е ужасна земја кога во прашање е љубомората, едноставно луѓето се премногу завидни. Не им се допаѓа ако сте подобри од нив“, изјави Снајдер.
Поранешниот фудбалер на Интер кариерата ја започна во Ајакс од каде што во 2007 година за 27 милиони евра направи трансфер во Реал Мадрид. Сепак, најдобрите резултати во кариерата ги направи во Милано каде што од 2009 до 2013 година триумфираше во италијанското првенство, купот и Лигата на шампионите.
Фото: UEFA/X