Александер-Арнолд од денеска и официјално е нов играч на Реал Мадрид!

Трент Александер-Арнолд од денеска и официјално е фудбалер на Реал Мадрид, тој стави потпис на шестгодишен договор со кралскиот клуб.

Откако му истече договорот со Ливерпул, Александер-Арнолд реши како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид. Кралскиот клуб сепак му плати некој милион на Ливерпул со цел да го добие фудбалерот пред почетокот на Светското клупско првенство.

„Александер-Арнолд потпиша договор со Реал Мадрид. Англискиот фудбалер ќе остане во клубот шест сезони“, стои во соопштението на шпанскиот гигант.

Англичанецот ќе го носи дресот со број 12, а на грбот ќе го пишува неговото име, Трент.

Изненадување беше тоа што Александер-Арнолд на новинарите им се обрати на течен шпански јазик.

Ова можеби е првпат англиски фудбалер да научи јазик на друга земја уште пред да го потпише договорот.