Младинците со две контроли во Варшава ќе го дочекаат настапот на СП 2025!

Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија денеска заминува на пријателски турнир во Варшава, каде што ќе одигра два контролни натпревара против Саудиска Арабија и Јапонија.

Овие натпревари се дел од подготовките за Светското првенство за ракометари до 21 година, кое ќе се одржи во Катовице. Македонија на овој Мундијал е дел од групата Ф, заедно со селекциите на Исланд, Фарски Острови и Романија. Репрезентацијата на овој турнир ќе настапи без повредените Самоил Ристовски и Дамјан Митев, кои ќе го пропуштат првенството.

Од Ракометната федерација на Македонија изразија гордост и поддршка за младите надежи, кои во Полска ќе имаат можност да ги потврдат амбициите и формата пред најголемиот младински ракометен настан во годината.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

18 јуни 2025, 14:00 часот – Македонија - Фарски Острови

19 јуни 2025, 14:00 часот – Македонија - Романија

21 јуни 2025, 14:00 часот – Исланд - Македонија