
Гатузо доби наследник: Уругвајски тренер од Истра седнува на клупата на Хајдук!
Тој доаѓа од Истра 1961, а договорот со Хајдук е потпишан до летото 2028 година. Јавното претставување на новиот тренер ќе се одржи следната недела, пред почетокот на подготовките за новата сезона. Изборот на новиот стратег е направен од хрватското првенство, со оглед што 41-годишниот стратег беше еден од неколкуте кандидати за клупата на Хајдук. Истра под водство на Гарсија сезоната ја заврши на шестото место, со само еден бод помалку зад четвртопласираниот Вараждин, кој избори пласман во квалификациите за Конференциската лига.
Гарсија е роден во Уругвај, но уште на 13-годишна возраст се преселил во Шпанија, каде што настапувал за младинските селекции У17 и У19. Бил дел од школата на Реал Мадрид, а најголемиот дел од играчката кариера го поминал во Холандија. Таму, со екипата на Твенте, во 2019 година ја започна и својата самостојна тренерска кариера. По првата етапа во Истра, водел и португалски клуб Ароука.
Хрватските медиуми претходно објавија дека за Гарсија бил заинтересиран и Динамо Загреб, но клубот од „Максимир“ на крајот се одлучи за Марио Ковачевиќ од Славен Белупо.