ФИФА ги продава влезниците на клупското СП на студенти по - 3,5 евра!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) се мачи со продажба на влезници за отворањето на клупското Светско првенство (СП) кога ќе се соочат Интер Мајами и Ал-Ахли, а според последните информации не е распродаден стадионот.

ФИФА поради тоа реши низ промотивни акции да привлече што е можно повеќе гледачи, па така им нуди на студенти по цена од само 3,5 евра.

„Ќе го исполниме стадионот, а атмосферата ќе биде неверојатна. Вистина е дека сè уште има достапни влезници, но во следните денови ќе ги распродадеме“, кажа претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Фото: EPA PHOTO