Таре сака да ги донесе Џака и Јашари во Милан!

Новиот спортски директор на Милан, Албанецот Игли Таре има своја визија за тоа како треба да изгледаат росонерите во наредната сезона, во неа Гранит Џака и Ардон Јашари.

Тијани Тејндерс се пресели во Милан, а Јунус Муса е пред трансфер во Наполи, па на росонерите им требаат нови играчи во средниот ред.

На списокот на Игли Таре се наоѓаат неколку имиња, а меѓу нив и швајцарските репрезентативци, Гранит Џака и Ардон Јашари.

Наводно, Џака веќе се сложил за трансфер во Милан, останува италијанскиот клуб да пронајде решение со Баер Леверкузен.

Преговори се веќе почнати меѓу Милан и Клуб Бриж за Ардон Јашари кој е роден во Швајцарија, но има потекло и од Македонија.

Милан за неговите услуги нуди 28 милиони евра, Клуб Бриж бара шест милиони евра повеќе.